Гастрономија

Макарони со мортадела

 

Потребни состојки:

250 г макарони

150 г мортадела, исечкана на кратки ленти или на коцки

2 лажици маслиново масло

2 лажици исцеден сок од лимон

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка сенф

2 лажици француски магдонос разделен на цветчиња

1/3 чаша рендан пармезан

свежо сомелен црн бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Макароните сварете ги според упатството на пакувањето, исцедете ги од водата и ставете ги во голем сад.
  2. Маслиновото масло, лимоновиот сок, солта и сенфот измешајте ги заедно да направите прелив.
  3. Преливот истурете го врз макароните и измешајте ги убаво да се покријат.
  4. Кога целосно ќе бидат оладени, додајте ги мортаделата, пармезанот и магдоносот. Измешајте, и ако треба зачинете со сол и бибер.

На здравје!

 

Слични написи

Шпагети со петминутен сос од домати

Biba

Најбрзиот намаз од лук

Biba

Нутела ќе добие сериозна конкуренција

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.