Здравје

Продукти што не треба да ги ставате во микробранова печка

 

Подготвувањето на храна во микробранова печка е потполно безбедно. До сега сигурно сте дознале дека микробрановата печка не предизвикува рак, храната нема да се наполни со небезбедни честички, ниту пак ќе исчезнат хранливите материи од неа.

Сепак, постојат неколку продукти што не треба да се подготвуваат на тој начин.

  • Јајца. Јајцата во микробранова печка може да ги подготвувате доколку претходно се скршени и содржината е во чинија. Доколку ги ставите цели за да ги сварите, поради принципот на кој функционира микробрановата, водата во јајцата ќе се претвори во пареа и ќе дојде до експлозија на јајцата.

  • Хартиени кеси. Ако сте љубители на пуканки направени во микробранова печка, хартиените пакувања не се добра идеја. Хемикалиите кои се наоѓаат во хартиените ќеси како лепило или мастилото од принтот, при влијание на водената пареа што се ослободува при процесот во микробрановата, ќе предизвика испарувања што баш и не се безбедни. Исто така, постои опасност хартиеното ќесе да се запали.

  • Овошје. Исто како со јајцата, и овошјето содржи вода која под влијание на микробрановото загревање се претвора во пареа и доведува до пукање. Ако веќе мора да подготвите овошје во микробранова, тогаш исечете го на парчиња за да може водата да испари.

  • Замрзнато месо. Микробрановата печка е спас кога треба набрзина да подготвиме месо кое е замрзнато. Користете ја оваа метода само во случај ако месото го користите веднаш и комплетно, не го оставајте за подоцна или за некој нареден ден. Опасноста лежи во тоа што месото кое е третирано термички за одмрзнување, доколку не се подготви веднаш, во него почнуваат да се развиваат бактерии.

  • Храна во пластични пакувања. Пластичните пакувања и фолии претставуваат директен проблем во микробрановата печка, заради опасноста од топење. Дополнителниот ризик се состои и во тоа што при нивно загревање може да дојде до ослободување на хемикалии од пакувањето и навлегување во храната.

  • Храна во алуминиумска фолија. Наједноставно кажано, загревањето храна во алуминиумска фолија може да доведе до создавање на искри кои, во многу случаи може да предизвикаат пожар. Ако сакате да загреете храна, задолжително извадете ја од алуминиумската фолија.

 

Слични написи

Може ли јогуртот да ја зголеми машката плодност?

Biba

Чаеви за детоксикација на организмот

Biba

Спиењето на грб има бројни предности – погледнете како да ви стане навика

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.