Гастрономија

Шеќерни колачиња

 

Потребни состојки:

1 1/4 чаша шеќер

1 чаша омекнат путер

3 жолчки

1 лажичка екстракт од ванила

2 1/2 чаши брашно

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги пенесто путерот и шеќерот, потоа додајте ги жолчките и ванилата.
  2. Кога ќе се изматат, додајте ги брашното, содата и сокот од лимон. Измешајте да се изедначи.
  3. Во тепсија ставете хартија за печење и намaстете ја. Од тестото правете топчиња со величина на орев и редете ги на хартијата за печење, на растојание од околу 5 см. Не ги сплескувајте топчињата.
  4. Печете ги во рерна загреана на 180 степени Целзиусови додека да почнат да напукнуваат и да добиваат боја.

На здравје!

 

Слични написи

Брза туна салата со јајца

Biba

Шпагети со петминутен сос од домати

Biba

Риба похувана без брашно

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.