Гастрономија

Топла салата од компири, боранија и кромид

 

Потребни состојки:

700 г компири

300 г боранија

1 главица црвен кромид, исечкан

2 лажици свеж босилек, ситно исечкан

1/4 чаша (или помалку, по вкус) оцет балсамико

2 лажици сенф

2 лажици сок од лимон

1 чешне лук, ситно исечкано

3-4 лажици маслиново масло

сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирот сварете го и исечете го на четвртинки, а боранијата исчистете ја и обарете ја. Ставете ги заедно во поголем сад, додајте ги кромидот и босилекот, и зачинете со сол и бибер.
  2. Во помал сад измешајте ги заедно оцетот, сенфот, сокот од лимон, лукот и маслиновото масло. Овој прелив сипете го врз салатата и измешајте. Ако има потреба, додајте уште малку сол и бибер.
  3. Послужете ја салатата додека е топла како самостоен оброк, или како додаток на јадења со пилешко и со говедско месо.

На здравје!

 

Слични написи

Торта со јаболка и ореви

Biba

Пуканки со карамел

Biba

Збогатете го вкусот на утринското кафе на едноставен начин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.