Гастрономија

Шпагети со петминутен сос од домати

Потребни состојки:

5 излупени домати

140 г шпагети

3 лажици маслиново масло

100 г на коцки насечкана сланина

2 чешниња исечкан лук

50-85 г сирење

1 грст насечкан босилек или власец

сол и бибер по вкус

Подготовка:

  1. Излупените патлиџани исцедете ги од семето и насечкајте ги на парчиња со големина по ваш избор.
  2. Во подлабоко тавче загрејте една лажица маслиново масло, додајте ја сланината и пржете додека да стане речиси крцкава.
  3. Додајте ги лукот, патлиџаните, останатото масло, солта и биберот. Нека се загрее смесата до степен на крчкање (1-2 минути), па додајте ги во тавчето шпагетите (сварени и исцедени од водата). Измешајте ја смесата да се изедначи, шпагетите убаво да се покријат со сосот.
  4. Поделете го јадењето во два тањира, одозгора нарендајте сирење и наросете власец или босилек. Послужете додека е топло.

На здравје!

 

Слични написи

Печени лепчиња

Biba

Домашен леб што не се меси

Biba

Сочно Брауни колаче со ореви

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.