Автомобилизам

Ken Block со нов ѕвер

Најпознатиот светски дрифтер Кен Блок, реши да се поднови со нов ѕвер со кој ќе ги покажува своите дрифтерски способности. Тоа е пикапот од Ford, моделот F-150 Hoonitruck.

После Mustang, Escort, Fiesta, ова е новото возило на Кен Блок за GYMKHANA 10. F-150 Hoonitruck само изгледа како пикап од 1977 година, знаејќи го тимот на Кен Блок тоа ќе биде сè само не обичен пикап. Каросеријата е спуштена до земја и лежи на специјално направена шасија, а под хаубата се крие вистински ѕвер.

Го придвижува 3,5 литарски V6 eco boost мотор, со два турбо полначи. Силата се пренесува на сите тркала со посебен погон што се користи кај тркачките автомобили.

 

Слични написи

„Оживеаниот“ Jaguar XJ Coupe е луксузна модерна класика со 400 КС

dart

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.