Љубов и секс

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

Универзитетот во Индијана спровел истражување токму на таа тема – дали мажите генерално се за див секс или полека се менуваат стереотипите, и уживаат во нежно и романтично водење љубов.

Во истражувањето се вклучени 2000 мажи и жени. Жените во анкетата изјавуваат дека веруваат во тоа дека мажите преферираат див секс, наспроти романтичниот и нежниот. Следи изненадувањето. Мажите во своите изјави навеле дека тие сакаат нежен, романтичен, исполнет со бакнување и галење секс.

“Спротивно на стереотипите во кои веруваме, дури и мажите тежнеат кон нежно и романтично водење љубов со партнерката. Тоа вклучува галење, почесто бакнување за време на сексот, шепотење, покажување внимание”, изјави Деби Хербеник, под чие водство е спроведено истражувањето.

Таа им сугерира на партнерите повеќе да разговараат, отворено да ги кажуваат желбите и потребите, да зборуваат за своите сексуални потреби, да откријат нови начини за продлабочување на романтиката. Тоа неминовно ќе доведе до поквалитетна врска, а со тоа и до поквалитетен сексуален живот.

 

Слични написи

Дури половина од луѓето за време на сексот фантазираат за некој друг

admin

Поради изолацијата во домовите, сè поголем број парови се сомневаат во нивната врска

Biba

Порнографија наспроти вистински секс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.