Гастрономија

Домашен леб што не се меси

 

Потребни состојки:

3 чаши интегрално пченично брашно

3 чаши сенаменско брашно (или други типови брашно по ваш избор, важно да има 6 чаши)

1/2 лажичка инстант квасец

2 1/2 лажички сол

3 1/2 чаши топла вода (не врела)

Начин на подготовка:

  1. Во голем и длабок сад измешајте ги брашното, квасецот и солта. Додајте ја водата и измешајте (не месете). Треба да добиете меко и влажно тесто. По потреба може да додадете уште вода.
  2. Покријте го садот со пластична фолија и оставете го тестото на топло место околу три часа да нарасне. По три часа тестото треба да биде нараснато и со меурчиња. Поделете го на половина, едната половина ставете ја во помал сад, покријте го садот со пластична фолија на која ќе направите неколку изрези со нож за тестото да “диши” и ставете го во фрижидер.
  3. Од другата половина тесто формирајте векна. Ставете ја на добро набрашнета површина и преклопете ја два пати. Превртете го тестото со преклопот надолу и ставете го во огноотпорен сад обложен со хартија за печење. Лесно набрашнете го тестото одозгора, покријте го со памучна крпа (што не остава влакненца) и оставете го да нарасне уште еднаш, час и половина до два часа.
  4. Кога ќе биде спремно за печење, расечете го тестото со нож одозгора 2-3 пати, покријте го со капак и ставете го во рерна загреана на 230 степени Целзиусови да се пече околу половина час. Потоа тргнете го капакот и печете уште 15-20 минути.
  5. За втората векна: по 2-4 дена извадете го тестото од фрижидер 2-3 часа пред да го печете и повторете ги чекорите 3 и 4.

На здравје!

 

 

Слични написи

Чоколадно колаче во тегла

Biba

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

Biba

Брокула и карфиол потпечени во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.