Здравје

Како трчањето успешно да го замените со одење

 

Трчањето е одлична форма на тренинг што фитнес тренерите најчесто ја препорачуваат. Сепак, трчањето не е секогаш најнеопходно. Сличен кардиотренинг може да направите и ако одите, бидејќи некои облици на одење се сметаат за добар начин за согорување на калории.

Доколку сакате трчањето да го замените со одење, треба да обрнете внимание на фреквенцијата на одење.

На почетокот почнете со 2-5 пати неделно, обрнете внимание на вашата форма и ориентирајте се според неа. Доколку веќе сте многу активни, можете да го практикувате одењето и 5 или повеќе пати неделно.

Одете со брзо, а не лежерно темпо доколку сакате резултати. Динамиката е многу важна при одењето; пребавното, но и пребрзото темпо, нема да ги дадат посакуваните ефекти.

Исто така, важно е да знаете дека пред секој тренинг е потребно добро да се загреете, а потоа да се оладите.

Со загревањето ќе го подготвите телото за напорот што следи, а истегнувањето ќе спречи воспаление на мускулите и ќе го забрза процесот на закрепнување.

Првите пет минути пробајте со полесно темпо, а следните две минути одете побрзо, за потоа пак да успорите.

Овој начин практикувајте го додека не се навикнете и не ви стане рутина.

 

Слични написи

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Biba

Андропауза – машка верзија на менопаузата

Biba

Продукти што не треба да ги ставате во микробранова печка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.