Сцена

Терон Егертон е Елтон Џон во музичката фантазија “Rocketman”

 

Во својата долга музичка кариера Елтон Џон има продадено повеќе од 250 милиони примероци од своите албуми.

Има добиено пет Греми награди, пет Брит Авордс награди, ја има добиено наградата Тони, еден Златен глобус и еден Оскар.

“Rocketman” е епска музичка приказна за Елтон Џон. Филмот ја следи фантастичната трансформација на срамежливиот пијанист Реџиналд Двајт во светската ѕвезда Елтон Џон.

Оваа инспиративна приказна зборува за тоа како момче од мало место станало поп икона.

Во филмот Терон Егертон изведува некои од најпознатите песни на Елтон Џон. Џејми Бел го глуми неговиот долгогодишен текстописец Берни Тупин. Ричард Меден ја има улогата на првиот менаџер на Елтон Џон, Џон Рид.

 

Слични написи

Селена Гомез дизајнираше бикини што ја покрива лузната од трансплантација на бубрегот

Biba

Меколи Калкин со детали за пријателството со Мајкл Џексон

admin

Филмот Боемска Рапсодија и актерот Рами Малек добија Златен глобус

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.