Технологија

Самсунг влегува на пазарот на дронови

По сè изгледа дека од Самсунг намирисаа ново поле за профит – пазарот на дронови. Ако се суди според сликите кои се објавени, нивниот дрон би требало да изгледа како од филмовите за Трансформерите и ќе ја менува формата.

Самсунг, патентот за нивниот дрон го пријавија во американското патентно биро. Патентот не е за било каков дрон, туку за променлив дрон.

Се очекува тој да биде целосно компатибилен со Галакси линијата на мобилни уреди и да направи комплетно заокружување на технологијата.

Се наведува дека ќе има склопливи краци, мноштво од сензори како камера, жироскоп, барометар, компас, сензор за температура, ултразвук и многу други.

Ќе има свој далечински управувач, но сигурно ќе може да се управува и со смартфони, таблети или персонални компјутери.

Слични написи

Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Biba

Ким Кардашијан е најопасна за пребарување на интернет

admin

Дигитален номад

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.