Технологија

Дигитален номад

 

Да патуваш низ светот и да заработуваш преку интернет, за многумина е како сон. Многу пати сте се запрашале како познати блогери и влогери, успеваат да патуваат, уживаат, и при тоа да бидат платени за тоа? Дигитален номад е израз кој веќе некое време кружи низ виртуелниот, дигитален свет, а се однесува на оние кои својата работа ја извршуваат на интернет од било која локација на светот каде има достапен интернет. Овој стил на живот им одговара на сите што сакаат да се независни и слободни во работењето. Номадски стил на живот е стил кој е исполнет со авантури и патувања, а додавката дигитален нагласува дека притоа може да заработувате од било која локација. Предностите и можностите се огромни, со оглед на тоа дека е убаво да си сам на себе шеф, и да си го организираш сопственото време по желба. Сепак овој потфат не е за секого.

Како да станеш дигитален номад

Ако сте вешти во користењето на дигиталните комуникациски алатки, тогаш сте на добар пат да станете дигитален номад. За почеток е потребно убаво да го усовршите познавањето на технологијата, комуникациските вештини и трендовите во дигиталниот свет. Канцелариите за многумина претставуваат застарен начин на работење. Размислете што најдобро ви лежи и со што би можеле да се занимавате, и како сето тоа да го работите онлајн. Во оваа фаза потребно ви е планирање на проектот – на кој начин зборовите би ги спровеле во дело. Работата е незамислива без веб страна, блог или некој друг облик на лична страна, преку кој ќе остварите контакт со потенцијалните клиенти и медиуми. Овој потфат и не мора да чини многу пари, бидејќи со мал труд и со помош на онлајн туторијали може да го направите и сами.

Со оглед на тоа дека работата ќе ја извршувате дигитално, онлајн, тогаш дизајнот е многу битен за претставување.

Избор на работи и пронаоѓање на клиенти

Иако животот на дигиталните номади звучи примамливо, секој претприемач знае дека водење на бизнис подразбира и одредени одговорности и обврски. Отворање на фирма преку која ќе ги извршувате активностите на вашата дејност е добра замисла. Некои од замислите за онлајн работа се дизајнирање, преведување, советување, продажба и многу други. Пронаоѓањето на клиенти е спонтана работа и таа со малку труд ќе си дојде сама по себе. Услугите или производите прикажете ги на веб страната, блогот, јутјуб, како би привлекле клиенти. Битно е да се изгради мрежа на контакти и интеракција со клиентите било да е соработката краткотрајна или долгорочна.

Како умно да управувате со времето

Кога на располагање имате многу слободно време, битно за продуктивноста е правилно да си го организирате, за да имате доволно време за работа и одмор. Направете распоред, запишувајте ги задачите и почитувајте ги роковите. Како дигитален номад често ќе се најдете во ситуација со тешкотија да го процените потребното време за работата, но и тоа ќе ви стане рутина.

Сè што ви е потребно е добра интернет врска, вашиот компјутер, вашиот планер и некое удобно местенце каде ќе се чувствувате креативно.

 

Слични написи

Скафандерите на НАСА се преголеми за женскиот тандем што требаше да оди на вселенска прошетка

Biba

Фотографии кои покажуваат како работеле луѓето пред да се појави AUTOCAD

Biba

Бургери од лабораториско месо – дали е вистински здраво и ќе ја штити ли околината?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.