Забава

Французин тргна на пат преку Атлантскиот Океан во буре

Многу луѓе за време на новогодишните празници сакаат да се одморат со своето семејство, но Французинот Жан-Жак Савин, 71 година, реши да оди на пат преку Атлантскиот Океан, и тоа во буре.

Савин ќе патува во портокалово буре, користејќи ја само силата на морската струја како погон за движење. Тој појде од шпанскиот карипски остров Ел Хиеро и се надева дека до Карибите ќе стигне за три месеци, во март.

Во капсулата во која патува има кревет, кујна и остава за храна. Тој на шега вели дека би сакал да стигне до францускиот остров Мартиник или Гвадалупе, заради тоа што така полесно ќе му биде со документацијата и за враќање на бурето назад.

Савин е поранешен воен падобранец, а работел и како ренџер во национален парк и како пилот. Верува дека морските струи ќе го однесат неговото буре 4500 километри до Карибите. За време на патувањето во водата ќе пушта ознаки кои ќе им помогнат на океанографите кои ги проучуваат морските струи на Атлантскиот Океан.

“Времето е одлично. Брановите се високи еден метар, се движам со брзина од 2-3 км/час. Засега капсулата функционира многу добро и прогнозата за ветерот е поволна до недела”, вели Савин за AFP по телефон.

Бурето е долго 3 метри, широко 2,1 метар и има 6 квадратни метри простор за живеење. На дното на капсулата се наоѓа прозор низ кој Савин може да ги гледа рибите во водата.

Во ова буре тој ќе ја прослави Новата година со шише бело вино, но има подготвено и едно шише црно вино со кое планира да го прослави својот 72 роденден на 14 јануари.

Слични написи

Уметник низ стрип ја опишал бременоста на својата жена

Biba

Најбараниот и најскап зачин на светот

admin

Факти за човечката крв кои сигурно не сте ги знаеле

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.