Технологија

Ким Кардашијан е најопасна за пребарување на интернет

Компанијата за интернет безбедност McAfee, спроведе истражување за најопасните ѕвезди за пребарување на интернет, пребарување кое може да го зарази вашиот компјутер со компјутерски вируси.

На врв на листата во Обединетото Кралство е Ким Кардашијан. Најпознатата реалити ѕвезда секојдневно ја пребаруваат милион луѓе. Ким Кардашијан на Инстаграм има 118 милиони следбеници, додека на Твитер 58 милиони.

Второто место на листата го има Наоми Кемпбел, а ја следат Кортни Кардашијан, Адел и британската водителка Каролина Флак. Исто така на листата се и Бритни Спирс и Ема Робертс.

На врвот на американската листа е актерката Руби Роуз.

Раџ Самани од компанијата McAfee предупредува дека живееме во брз свет, кој е под големо влијание на поп културата и социјалните медиуми.

“Многу е важно корисниците да размислат пред да кликнат на некој линк и да бидат сигурни во дигиталниот свет, да ги заштитат своите уреди, но и својата приватност”, предупреди Самани.

Слични написи

Електрични концепти на Harley-Davidson

admin

Втора генерација на поевтиниот iPhone SE

Biba

Сеат Минимо, новиот концепт за мобилност

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.