Автомобилизам

BMW M2 Competition со 550 коњски сили

MH 2 550 е ознаката зад која стои BMW M2 Competition, автомобил во кој тјунинг компанијата Manhart успеа да вгради додатни 140 ks.

Верувањето дека 410 ks и вртежен момент од 550 Nm се доволни за BMW M2 Competition, од германската тјунинг компанија го оспорија и покажаа дека може и повеќе. Компанијата излезе со црна верзија на BMW M2 Competition полн со подобрувања како на каросериската, така и на агрегатната страна. Создадоа автомобил со додатни 140 ks и зголемен вртежен момент од 800 Nm. Тоа е автомобил со 3 литарски biturbo мотор со 6 цилиндри редно поставени, со вкупно 550 ks и вртежен момент од 800 Nm.

Покрај црната боја со златни детали, промени има и на висината на која е поставено возилото, намалено е за 20 милиметри и со тоа е подобрена и стабилноста.

Податоците што ги даваат од Manhart се оскудни, освен даденото забрзување од 0-100 за 4,5 секунди и максималната брзина од 280 километри на час.

Слични написи

Најдобрите зимски гуми според ADAC

admin

BMW се прости од моделот i3 со 18 златни примероци

dart

Топ седум автомобили побрзи од Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.