Психологија

Недоволно спиење кај тинејџерите може да предизвика депресија и суицидални мисли

 

Тинејџерите кои легнуваат по полноќ се изложуваат на поголем ризик од нарушувања на однесувањето.

Недоволниот сон го зголемува ризикот од депресија и суицидални мисли кај младите во пубертет, открива истражување на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Истражувањето опфатило 15 659 ученици во повисоките одделенија во основно училиште и средношколци (на возраст од 12-18 години), и нивните родители. Сите биле интервјуирани во врска со времето за легнување и правилата во домот поврзани со спиењето.

Резултатите покажале дека децата кои обично одат на спиење после полноќ имаат 24 % поголем ризик да заболат од депресија, во споредба со децата кои си легнуваат до 22 часот. Освен тоа, 20 % од младите кои легнуваат доцна пријавиле дека имаат и суицидални мисли.

“Резултатите од истражувањето даваат дополнителен доказ дека краткиот сон може да има улога во пронаоѓањето на причините за депресија. Со раното легнување и подолгото спиење, адолесцентите можат да се заштитат од депресија и од суицидални мисли”, велат авторите на истражувањето кое се спровело под водство на професорот Џејмс Гангсвич.

Американската медицинска академија препорачува децата во пубертет и адолесцентите да спијат ноќно време подолго од девет часа. Гангсвич уште вели дека училишните деца не си легнуваат доволно рано за да можат да се наспијат и да се одморат до одењето во училиште следниот ден.

Краткото спиење на адолесцентите се должи на правилата поставени од родителите во врска со времето одредено за легнување. Две третини од децата изјавиле дека се согласуваат со времето кое родителите им го одредуваат за спиење, а две третини од останатите деца рекле дека одат на спиење еден час откако нивните родители ќе ги испратат во кревет.

 

Слични написи

Дали сте зависни од вашиот мобилен телефон?

Biba

Колку е вистина дека интелигентните луѓе се посреќни кога се сами

Biba

Забавен психолошки тест кој ги открива вашите силни и слаби страни

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.