Автомобилизам

BMW се прости од моделот i3 со 18 златни примероци

Малиот електричен/хибриден хечбек i3 му отстапува место на целосно електричниот кросовер iX1, кој ќе биде позициониран под iX. Затоа, BMW му даде соодветно збогување на моделот i3 со производство на 18 примероци во златна боја и приредувајќи му посебна церемонија.

Секој од 18-те автомобили е обоен во галванско златна боја во комбинација со црна боја.

„На почетокот на сериското производство пред осум и пол години, i3 се сметаше за визионерски и егзотичен. Оттогаш, компактното електрично возило стана пионер на локалното уживање во возењето без емисија на штетни гасови, како и на холистичката одржливост“, велат од BMW.

Моделот i3 се појави на пазарот во 2013 година и нудеше автономија помеѓу 130 и 246 километри. BMW i3 е продаден во повеќе од 250.000 примероци ширум светот и е најуспешниот електричен автомобил на оваа германска марка на сите времиња.

Технички, името i3 живее во Кина во форма на електричниот седан од серијата 3, но сепак, i3 како што го знаеме замина во историјата.

Слични написи

Актуелната тојота супра во акција на патека

Biba

Volkswagen ID.R со нов рекорд на Гудвуд побрз од Формула 1

Biba

Со Хјундаи Елантра од 2013 година поминала дури 1,6 милиони километри

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.