Забава

Помалку познати работи за стриптизот раскажани од стриптизетите

Професионалните танчерки – стриптизети откриваат работи поврзани со нивната професијата што не се многу познати. Тие се занимаваат со работа која некои луѓе ја оправдуваат, а некои ја критикуваат и осудуваат. Неколку работнички во оваа специфична дејност дадоа детали што малку се познати.

  • Да се стане стриптизета не е многу тешко. Едноставно треба да знаете да танцувате и да се претставите на аудицијата пред менаџерот на клубот. Ако сте доволно добри ќе ве ангажираат и ќе си ја работите работата.
  • Никогаш не смеете да украдете песна на која танцува ваша колешка. Тоа се третира како кражба, плагијат, имитирање.
  • Стриптизетите најчесто спијат од 6 часот наутро до 3 часот попладне. Ги знаат сите места во кои може да се јаде рано наутро.
  • Танцуваат дури и кога ги имаат специфичните женски денови.
  • Стриптизетите ги носат најудобните чевли со високи потпетици.
  • Играњето на шипка не е нешто што мора да го знаете однапред, може да го научите и додека работите.
  • Доколку сте клиент, не се мачете со комплименти бидејќи тие толку често го слушаат тоа што најчесто се имуни на такви изјави.
  • Стриптизетите користат ефтини парфеми од причина што парфемот им трае максимум недела дена и доколку би користеле скапи модели тоа не би било исплатливо.
  • Многу често добиваат понуди за брак бидејќи клиентите често се вљубуваат во нив, па затоа мораат често да менуваат и локали и клиенти.

Слични написи

На Крим е отворен хотел со внатрешен дизајн како вселенски брод

admin

Најпознати филмски адаптации на книги од Стивен Кинг

Biba

Бродови кои мистериозно исчезнале без трага

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.