Гастрономија

Потпечена фритата со сланина, компир и блитва

 

Потребни состојки:

6 ленти сланина

1 компир

2-3 лажици вода

1 чешне лук исечкано на тенки парченца

1/2 лажичка крупен црвен пипер (буковец)

сол и бибер по вкус

1 врзоп блитва, измиен и насецкан

8 јајца изматени со виљушка

1-2 лажици изрендан пармезан

Подготовка:

  1. Сланината ставете ја во поголемо тавче со капак и пржете ја на средна температура додека да стане крцкава, околу 10 минути. Извадете ја целата маснотија од тавчето, да остане само околу 1 лажица.
  2. Во сланината додајте ги компирот (исечкан на тенки крукчиња, па секое крукче на четвртинки), лукот, водата, црвениот пипер, солта и биберот. Измешајте лесно и поклопете го тавчето додека компирот да омекне, околу 10 минути.
  3. Потоа во мешавината додајте ја блитвата, измешајте кратко и оставете да се готви 2-3 минути. Потоа во тавчето додајте ги јајцата, нежно измешајте и тргнете го тавчето од шпорет.
  4. Врз јајцата наросете го пармезанот, поклопете го тавчето и потпечете кратко додека омлетот да добие златножолта боја, околу 3-4 минути.

На здравје!

 

Слични написи

Еклер торта што не се пече

Biba

Чипс од тиквици печен во рерна

Biba

Превкусни мафини со Нутела

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.