Гастрономија

Чипс од тиквици печен во рерна

 

Потребни состојки:

1 тиквица исечкана на тркалца

1/3 чаша лебни трошки (презла)

1/4 чаша рендан пармезан

1/4 лажичка црн бибер

1/8 лажичка лук во прав

сол по вкус

50 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги лебните трошки, пармезанот, биберот, солта и лукот во прав. Во друг сад ставете го млекото. Секое тркалце тиквица натопете го во млеко и потоа извалкајте го во мешавината со лебни трошки, да се залепат од двете страни.
  2. Тркалцата редете ги во тепсија обложена со хартија за печење (хартијата дополнително може да ја премачкате со масло за да не се лепи чипсот). Печете го чипсот во рерна загреана на 220 степени Целзиусови околу 15 минути, потоа завртете ги тркалцата од другата страна и продолжете со печење уште 10 минути (внимавајте да не изгорат).
  3. Послужете го чипсот откако ќе се олади.

На здравје!

 

Слични написи

Погачици од тортиљи, полнети со говедско месо

Biba

Густа супа од грашок и шунка

Biba

Кафе со чоколадо и слатка павлака

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.