Гастрономија

Превкусни мафини со Нутела

Вкусниот чоколаден крем Нутела не мора секогаш да го поврзуваме со палачинки или мачкање на леб. Во прилог ви даваме можност да направите нешто поразлично. Едноставни мафини со неколку продукти кои ќе го воодушеват вашето семејство.

Потребни состојки:

2 јајца

340 г шеќер

1/2 чаша крем Нутела

1 чаша брашно

1/2 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги заедно брашното и шеќерот. Додајте ја Нутелата и мешајте додека состојките да се соединат.
  2. Во друг сад помешајте ги брашното и прашокот за печиво и додајте ги во смесата. Мешајте додека добиете компактна еднолична смеса.
  3. Наполнете ги калапите за мафини 2/3 од капацитетот. Печете ги 10-15 минути или додека површината на мафините да испука, а средината да биде мека. Уживајте во вкусните мафини.

На здравје!

Слични написи

Молдавија ја има најголемата винарија во светот

Biba

Печени лепчиња

Biba

Салата од спанаќ со прелив од афион

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.