Здравје

Менструалниот циклус може да влијае на долговечноста

 

Истражување спроведено на Медицинскиот универзитет Сан Диего, открило дека жените кои подоцна во животот добиле менструален циклус и менопауза, имаат поголеми шанси да доживеат 90 години и повеќе.

Истражувањето се темели на анализа на 16.000 жени, и е прво истражување кое ги поврзува репродуктивните фактори со долговечноста.

“Жените кај кои менструалниот циклус почнал на возраст од 12 години или подоцна, а менопаузата им почнала на возраст од педесет години или подоцна, имаат поголеми шанси да живеат подолго од 90 години”, изјави д-р Аладин Шадијаб.

Жените кои добиле менструација подоцна, имале помалку здравствени проблеми како што се срцевите болести, а оние кои подоцна влегле во менопауза имале поголеми шанси да бидат во одлична здравствена состојба.

Жените кои подоцна добиле менструација и подоцна влегле во менопауза, е помалку веројатно да станат пушачи, а пушењето докажано ги оштетува кардиоваскуларниот систем и јајниците, што доведува до порана менопауза.

 

Слични написи

Пролетни алергии

admin

Дали знаете како слабеењето влијае на вашиот имунолошки систем?

dart

Откривање на Алцхајмерова болест со помош на вештачка интелигенција

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.