Технологија

WhatsApp наскоро со нова опција за заштита на вашите разговори

Од WhatsApp со најава на нова опција која ќе го реши досегашниот проблем со заштита на разговорите. Изјавија дека LOCK опцијата ќе се појави наскоро и со тоа ќе им овозможи на корисниците да можат да спречат неовластено читање на нивните пораки.

Новата опција во апликацијата ќе поддржува TouchID, FaceID и опција за шифра.

Лошата вест во оваа информација е дека апликацијата сè уште не е спремна за пуштање во официјална употреба, и треба дополнително тестирање пред да стане достапна.

Функционалноста на овој додадок ќе биде како и за останатите апликации, со секое стартување на WhatsApp  апликацијата ќе се врши автентификација според опцијата што е одбрана.

Додатокот ќе биде опционален, значи може да го активирате или не, во зависност од желбата и потребата.

Слични написи

Bajaboard Pantera – лудиот електричен скејтборд

Biba

Јапонците изумија куќа што лебди за да се заштитат од земјотреси

Biba

Рајт Спирит ќе обезбеди едночасовен лет со 100 патници, на струја

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.