Технологија

Bajaboard Pantera – лудиот електричен скејтборд

 

Австралиската компанија Bajaboard го претстави најбрзиот и најопасниот скејтборд на светот, со кој може да се движите до 70 км/ч.

Pantera е името на електричниот скејтборд кој може да се пофали дека е најјакото и најбрзото превозно средство од овој тип. Го движат четири електромотори со максимална сила од по 3,5 киловати, вкупната сила на сите четири е ограничена на 8 киловати (10,7 кс). Електромоторите се напојуваат со 36 волтен електричен систем со капацитет од 1,1 кв/ч. Вака дефиниран, овој дваесет и шест килограми тежок скејтборд може да се движи до 72 км/ч.

Автономијата на Pantera со едно полнење е 45 километри.

Од компанијата предупредуваат дека нивниот скејтборд не е за почетници, ниту за возење по градските улици.

Цената на Bajaboard Pantera сè уште не е објавена.

 

Слични написи

До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Biba

Започна продажбата на Huawei Watch GT 2 во нашата земја

Biba

Првиот тунел на Илон Маск

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.