Забава

Болоња се бори против загадувањето со бесплатно пиво, сладолед и карти за во кино

 

Во Болоња, Италија, решија да се борат со загадувањето на воздухот на многу специфичен и интересен начин. Решија да ги поттикнат граѓаните да користат велосипеди наместо автомобили на тој начин што добивате бесплатно пиво, сладолед или карти за во кино. Ова е дел од програмата што властите на Болоња ги донесоа како механизам за борба против загадувањето на воздухот.

Градскиот архитект Марко Амадори е креатор на програмата за борба против загадувањето, која ја предложил кон крајот на 2017 година.

“Прв пат успеавме да ги вклучиме сите луѓе во борба против загадувањето. Сите можат да ги заменат своите автомобили за велосипеди или да одат пешки, и за тоа да бидат наградени”, изјави Амадори.

Сите што сакаат да учествуваат во програмата треба да ја инсталираат апликацијата Better Points која го следи нивното движење. Корисниците за секој километар поминат пешки или со велосипед ќе добиваат поени кои можат да ги менуваат за пиво, сладолед или карти за кино.

Проектот е прилично успешен и во првите три месеци се пријавиле 10.000 луѓе на апликацијата, а граѓаните почнаа и да се натпреваруваат кој ќе освои повеќе поени.

 

Слични написи

Бил и Мелинда Гејтс купија куќа од 43 милиони долари во калифорнискиот Дел Мар

Biba

Бизарен тренд – порно филмови и слики со Lego фигури

admin

По кој редослед старее човечкиот организам

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.