Здравје

Дали КЕТО диетата може да помогне во борба против ракот на јајници

Кето диетата е измислена далечната 1920 година и тогаш била користена како помошна терапија за болни од епилепсија.

Денес, после скоро 100 години, кето диетата е повторно актуелна. Покрај ефектите што ги дава за слабеење, научниците од Универзитетот во Алабама ја испитуваат можноста кето диетата да помогне во борбата против ракот на јајници.

Научниците тестирале 45 дебели жени кои имаат рак на јајници. Дел од жените ги ставиле на кето диета, а останатите користеле диета што во моментот се препорачувала во борба против ракот на јајници. Жените што биле на терапија со кето диета покажале позитивни резултати, подобри од втората група жени што биле на стандардната диета.

Кето диетата помага така што го намалува внесот на јаглени хидрати во организмот, кои се одговорни за зголемување на нивото на гликоза. Со намалувањето на јаглените хидрати, организмот забрзано ги троши маснотиите и се намалува нивото на гликоза.

“Ракот се шири бидејќи е поврзан со нивото на гликоза, така што сметаме дека диети кои го регулираат нивото на гликоза би можеле да имаат големи ефекти во борбата со ракот на јајници. Кето диетата го намалува нивото на гликоза, а со тоа ја намалува можноста за ширење на ракот”, изјави професорката по нутритивни науки Барбара Гауер.

Истражувањето сè уште не е завршено и резултатите не се со сигурност потврдени. Се препорачува жените со оваа дијагноза да консумираат здрава храна и сите диети да ги спроведуваат во консултација со нивниот лекар.

Слични написи

Нездрави продукти кои премногу често им ги даваме на децата

dart

Алтернативни начини за намалување на киселините во желудникот

Biba

Гледањето реклами ги дебелее децата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.