Сцена

Ѕвездата од филмот 50 Нијанси на сиво – активист на социјалните мрежи

Дакота Џонсон, позната по улогата во филмот 50 Нијанси на сиво, реши да стане активна на социјалните мрежи. Досега Дакота Џонсон не беше воопшто активна, но реши дека ќе се активира со посебна цел, да се чуе гласот на злоставуваните жени секаде на светот. Таа на својот официјален Инстаграм профил постирала фотографија од лист на кој бил запишан бројот на нејзиниот телефон, и тоа е единствената фотографија што е постирана.

Нејзиниот официјален профил на Инстаграм го следат 2,7 милиони следбеници.

https://www.instagram.com/p/BoroXBCjdKL/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Кога ќе се побара бројот кој е наведен, се вклучува снимена порака со гласот на Дакота кој вели:

“Ова е мојот телефонски број. Раскажи ми ја твојата приказна и јас ќе слушам. Моќта е во бројките. Јас ќе ги соберам вашите приказни и ќе овозможам да се чуе вашиот глас. Мора да постигнеме еднаквост на жената во светот. Љубов, почит и верба. Дакота.”

На крајот, Дакота појаснува дека заедно со Global Citizents ќе направи сè што е во нејзина моќ за да се чуе гласот на злоставуваните жени.

Слични написи

Кендал Џенер е најплатениот модел за 2018 година според Форбс

Biba

Шекил О’Нил ја продава вилата за 22 милиони долари

Biba

Принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат вилата на Мел Гибсон?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.