Здравје

Алтернативни начини за намалување на киселините во желудникот

 

Сите барем еднаш во животот сме го искусиле тоа чувство на печење и жарење кое се шири од желудникот кон грлото, предизвикано од претерано лачење на желудечни киселини и се нарекува жиговина. Најчесто се јавува кога јадеме многу зачинета храна, но причините можат да бидат и од друга природа. Некои луѓе имаат силна жиговина, а кај други симптомите се нешто поблаги.

Во двата случаи чувството е непријатно, па затоа не е чудно што лековите за киселини во желудникот се едни од најбараните во аптеките. Меѓутоа, освен со лекови, жиговината може да се ублажи и со алтернативни методи, и со внесување на промени во животниот стил:

  • Избегнувајте газирани пијалаци и кофеин. Подобар избор е чајот од билки.
  • Секој ден напијте се една чаша млака вода.
  • Јадете банани, лубеници и свежи краставици. Сокот од лубеница е идеален за смирување на жиговината.
  • Последниот оброк во денот изедете го најмалку 2 до 3 часа пред легнување.
  • Секој ден пијте барем една чаша млеко.
  • Долгите паузи помеѓу оброците можат да ја поттикнат жиговината, затоа јадете повеќе помали оброци во пократки интервали.
  • Избегнувајте кисели краставички, оцет, премногу зачинети јадења.
  • После оброкот напијте се благ чај од нане.
  • Во исхраната внесете каранфилче.
  • Лимонот, бананата и бадемите моментално ја олеснуваат жиговината.
  • Претерано пушење и пиење алкохол ја влошуваат состојбата.
  • Гумата за џвакање предизвикува зголемено лачење на плунка што може да ги ублажи симптомите на жиговина.
  • Ѓумбирот ја подобрува дигестијата, додајте го во вашата исхрана.
  • Напијте се чаша лимонада со малку шеќер еден час пред јадење.
  • Јадете повеќе грав, тиквици, зелка, моркови, млад кромид.
  • Напијте се чаша вода во која сте раствориле една лажичка сода бикарбона.
  • Јадете во седечка положба.
  • Спијте на благо поткрената перница.
  • Цитрусното овошје е алкално и ја неутрализира киселината во стомакот.

 

Слични написи

Спиењето без облека го подобрува здравјето, но и сексуалниот потенцијал

Biba

Заштитете ја кожата во деновите кога загаденоста на воздухот е превисока

admin

Бруксизам – чкрипење со забите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.