Автомобилизам

Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada

Управата на автомобилскиот гигант Opel излезе со информација дека до крајот на 2019 година поради реструктурирање во производството, од понудата ќе ги повлече моделите Adam, Karl и Cascada. Како компензација на повлечените модели до 2020 година се очекува појавување на 8 нови модели, меѓу кои ќе бидат и редизајни на некои од актуелните модели.

Исто така се најавува појавување на нова генерација на моделите Vivaro и Corsa, хибридна верзија на Grandland X и Corsa, и наследникот на актуелниот Mokka X.

Навестуваат дека до крајот на 2020 година на пазарот треба да се појават 4 електрични модели, а до 2024 година секој нивен сериски автомобил треба да има електрична верзија.

Слични написи

Еволуцијата на Audi R8

Biba

Легендарната Тојота Супра од филмот „Брзи и бесни“ е продадена за 550.000 американски долари

dart

Porsche ја слави десетгодишнината од производството на Panamera со специјално издание

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.