Автомобилизам

Макс Верстапен маестрално во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната во Формула 1, зголемувајќи ја предноста во генералниот пласман.

Иако беше само деветти на вчерашните квалификации, актуелниот шампион брзо се проби на напред и со уште едно маестрално возење оствари нов триумф, вкупно 38-ми во кариерата.

 

Иако вчера ја освои пол-позицијата Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул), на крајот мораше да се задоволи со второто место, а трет беше Фернандо Алонсо во Астон Мартин.

Џорџ Расел заврши како четврти, оставајќи го зад себе Карлос Саниз од Ферари.

На крајот рекордниот светски шампион Луис Хамилтон мораше да се задоволи со шестото место, а седми беше Шарл Леклер.

Слични написи

Ни Aston Martin не остана имун на SUV трендот

admin

Дизелските мотори полека изумираат

admin

Mercedes-Benz Unimog се качи на вулкан во Чиле и постави рекорд

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.