Сцена

Џејн Фонда за животот во деветтата деценија

Познатата актерка Џејн Фонда неодамна откри како се чувствува во деветтата деценија од животот.
Џејн Фонда минатата година беше подложена на хемотерапија за не-Хочкинов лимфом, а неодамна во интервју за магазинот People отворено зборуваше за тоа дека стареењето не е нешто од што треба да се плаши, туку нешто што треба да се слави.

„Имаше трагедии и тешки работи во мојот живот, но никогаш не им подлегнав. Цел живот сум отпорна. Со годините животот станува се подобар и подобар“, изјавила таа.

 

Интересно е што оваа актерска легенда на 85 години има повеќе работа од кога било, а овој период од животот го нарекува најсреќен во животот. Фонда оваа година има четири филма, меѓу кои и комедијата „Клуб на книги: следното поглавје“, која наскоро ќе биде прилажан во кината ширум светот.

Режисерот на овој филм, Бил Холдерман, ја опиша актерката како „сила“, каде што објасни дека за време на снимањето имале ситуација кога 85-годишната актерка решила да го помине својот слободен ден истражувајќи го градот од раните утрински часови додека сите останати решија да спијат и да се одморат.

Слични написи

Тајра Бенкс повторно се најде на насловната страница на “Sports Illustrated Swimsuit”

Biba

Принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат вилата на Мел Гибсон?

Biba

Marvel реши да прикаже едноминутен исечок од најновото продолжение на Avengers

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.