Автомобилизам

Дизелските мотори полека изумираат

Полека но сигурно, возилата со дизел мотори ќе бидат протерувани од градовите низ Европа. Тоа го најавија градоначалниците на Париз, Мадрид, Атина, и наведоа дека до 2025 година на возилата со дизел агрегати потполно ќе им се забрани влез во центарот на градовите. На таквата идеја и пристап се приклучија и Британците кои изјавија дека на автомобилите со дизел мотори ќе им се наплаќа влез во центарот на 35 градови.

Британската влада отиде и чекор понатаму и воведе опција која на сопствениците на постари дизел возила им нуди еднократно неповратни средства во износ од 2000 фунти за замена на својот автомобил со бензински или хибриден модел.

Дури и Германија почнува со чекори за борба со дизел моторите и најави зголемување на давачките, со истовремено стимулирање за купување на хибридни и електрични возила.

Слични написи

Моќниот V12 мотор на BMW сè уште нема да оди во пензија

Biba

Кон крајот на годината Ферари ќе се прости од Фетел

Biba

Новиот Porsche Macan S со нов V6 турбо мотор е посилен, побрз и поудобен

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.