Здравје

Киселини за време на бременоста

Повеќето бремени жени ги мачат киселини во желудникот за време на бременоста, но тоа не е ништо чудно. Обично започнува во првиот или вториот триместар и трае до породувањето. Жарењето во желудникот е предизвикано од притисокот што матка која расте го врши на стомакот. Содржината на желудникот се притиска нагоре и се враќа во хранопроводот, пришто стомачната киселина ја оштетува слузокожата и предизвикува болка. Чувството е многу непријатно, но постојат неколку начини да го ублажите:

  • Јадете помали порции храна и почесто. Ако јадете многу, притисокот ќе биде поголем, што може да предизвика киселините да се вратат низ хранопроводот
  • Јадете побавно и добро џвакајте ја храната, бидејќи така полесно и побрзо ќе се свари
  • Не јадете многу зачинета или претерано мрсна храна. Многу зачинета или мрсна храна предизвикува и посилни киселини
  • Избегнувајте да пиете со оброците. Пиењето додека јадете ќе предизвика желудникот да се прошири уште повеќе и може да предизвика содржината на желудникот да се искачи во хранопроводот
  • Пијте течност помеѓу оброците
  • Не јадете и не пијте ништо пред да легнете. Ова ќе му даде шанса на вашиот стомак да свари барем дел од храната, а киселината нема да ви пречи
  • Не носете премногу тесна облека. Претесните панталони исто така можат да направат притисок врз стомакот и да предизвикаат киселини
  • Откако ќе јадете, избегнувајте да се наведнувате и превиткувате. Не чистете следните неколку часа, не земајте ништо од подот и не изведувајте слични движења и активности

Слични написи

Ублажете ја мачнината при патување со природни состојки

dart

Зошто ни е потребен магнезиумот

admin

Во кој дел од денот телото троши најмногу калории?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.