Здравје

Зошто ни е потребен магнезиумот

 

Човечкото тело содржи околу 25 гр магнезиум, од кои 50-60% се складирани во скелетниот систем. Остатокот се наоѓа во мускулите, меките ткива и во телесните течности. Магнезиумот учествува во над 300 ензимски процеси во телото, вклучувајќи го метаболизот на храната, синтезата на масните киселини и протеините, и во пренесувањето на нервните импулси. Тој е еден од седумте есенцијални макроминерали кои треба да ги внесуваме во телото во количини поголеми од 100 мг на ден.

Кои се бенефитите кои ги има организмот од внесување на доволни количини на магнезиум?

  • Ја подобрува апсорпцијата на калциумот во коските, со што се одржува густината на коските и се превенира развој на остеопороза
  • Игра важна улога во активирањето на витаминот Д во бубрезите, кој е исто така важен за здравјето на коските
  • Го намалува ризикот од дијабетес
  • Го одржува здравјето на мускулите, вклучувајќи го и срцевиот мускул, со што се намалува ризикот од висок крвен притисок и атеросклероза
  • Ги намалува мигренозните главоболки
  • Во комбинација со витаминот Б6 ги намалува симптомите на предменструалниот синдром (несоница, отекување на нозете, осетливост на градите, зголемување на телесната тежина)
  • Позитивно влијае во намалувањето на анскиозноста
  • Кога се внесува заедно со витаминот Б6 го подобрува спиењето и влијае смирувачки на психата.

Најдобри извори на магнезиум се сончогледот, бадемите, сусамот, спанаќот, кафеавиот ориз, гравот, индиските ореви, а во помали количини се содржи и во лебот од цело зрно, кравјото млеко, бананата, брокулата, путерот од кикирики.

Препорачаната дневна доза на магнезиум за возрасни изнесува од 300-420 мг на ден, а за деца, зависно од возраста, меѓу 80 и 240 мг дневно.

 

Слични написи

Зошто боли стомакот после удар во тестиси?

Biba

Мирисот на цигари од облеката на возрасните е штетен за децата

Biba

Газираните пијалаци го забрзуваат стареењето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.