Гастрономија

Брзи и меки крофнички со само две состојки

Потребни состојки:

280 г саморастечко брашно
380 г јогурт

Ако немате саморастечко брашно, можете да го направите на следниот начин: во длабок сад измешајте обично брашно со 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона и добро измешајте.

Начин на подготовка:

  1. Во сувите состојки сипете го јогуртот и измешајте да добиете еднолична смеса. Со лажица или шприц дозирајте мали топчиња од смесата во врело масло.
  2. Кога ќе добијат златножолта боја крофните се испржени. Префрлете ги на салфетка за да се впие вишокот маснотии, а потоа посипете ги со шеќер во прав.
  3. Пред сервирање може да ги украсите со чоколаден или овошен прелив, карамел, мармалад или друг додаток по ваш вкус.

На здравје!

Слични написи

Брза супа со пилешко месо

Biba

Спанаќ потпечен со компири и јајца

Biba

Превкусни мафини со Нутела

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.