Гастрономија

Брза супа со пилешко месо

 

Потребни состојки:

1 лажица сончогледово масло

2 страка насечкан млад кромид

1 насечкан морков

1 чешне лук, исечкано ситно

800 мл пилешки бујон (може од коцка)

2 лажички пченка (може смрзната)

2 топчиња фиде

100 гр насечкано или исцепкано пилешко месо (варено или печено)

1 прстофат бибер

Начин на подготовка:

  1. Во маслото на средна температура се пржат кромидот и морковот околу 5 минути.
  2. Се додава лукот и се пржи околу една минута.
  3. Потоа се додаваат пилешкиот бујон, пченката, фидето (скршено со прсти), месото и еден прстофат бибер. Се промешува супата и се остава да врие околу 3 минути.
  4. Потоа се трга од шпорет и се сервира топла. По желба, декорирајте ја супата со свеж магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Едноставен намаз од туна

Biba

Брзо непечено колаче со путер од кикирики и чоколадо

Biba

Топло чоколадо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.