Технологија

Еколошки прифатлива технологија

Во понеделникот, во Германија тргна првиот воз со погон на водород.

Технологија што е поскапа, но еколошки далеку поприфатлива. Возот може да помине 1000 километри со еден резервоар на водород, што е слична автономија како и со дизел возовите.

Двата сини воза кои ги произведе француската компанија Алстом тргнаа на трасата долга сто километри помеѓу градовите Cuxhaven, Bremerhaven, Bremervörde и Buxtehude во северна Германија.

“Првиот светски воз на водород влегува во сериско производство” изјави Хенри Пупар-Лафарж, извршниот директор на Алстом на свеченоста пред поаѓањето на возот.

Алстом е произведувачот на француските TGV возови, и планира да испорача уште 14 возови со оваа технологија на германската покраина Долна Саксонија до 2023 година, но ако и останатите покраини во Германија изразат желба ќе произведат и нови.

Возовите се опремени со ќелии кои во комбинација на водород и кислород произведуваат струја со водена пареа како единствен нус производ. Вишокот на енергија се складира во литиум-јон батерии складирани во возот.

Алстом вложува во технологија која е позелена и потивка алтернатива на дизелските мотори, на неелектрифицираните пруги, што е привлечно за многу од германските градови кои се борат со загадувањето на воздухот.

И други земји пројавиле интерес за оваа технологија како Британија, Холандија, Данска, Норвешка, Италија и Канада.

Франција веќе се изјасни дека до 2022 година ќе има воз со оваа технологија на пругите.

 

Слични написи

Играта Fortnite минатата година ја заврши со заработка од 2,4 милијарди долари

Biba

До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Biba

Bugatti изработи велосипед

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.