Технологија

До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Една година по премиерното претставување во Калифорнија, компанијата Hoversurf го претстави својот летечки мотоцикл на Саемот за технички достигнувања во Дубаи. Компанијата се врати со новиот модел и со докази дека нивното електрично возило за полетување и слетување може да се користи во секојдневниот живот.

Договорот е потпишан минатата година, Hoversurf својот летечки мотоцикл S3 2019 го подари на полицијата во Дубаи и веќе започна обука на полициските службеници. Бригадирот Khalid Nasser Alrazooqi, кој е генерален директор на одделението за вештачка интелигенција во Дубаи, го опиша возилото eVTOL како прво возило кое ќе може да стигне до тешко достапните зони. Тој истакна дека се надева дека летечките мотоцикли ќе почнат да се употребуваат до 2020 година.

“Моментално имаме две екипи кои се во процес на обука, а од ден на ден го зголемуваме тој број”, изјави Alrazooqi за CNN.

Главниот оперативен раководител на компанијата Hoversurf Joseph Segura-Con, објасни дека идеалните кандидати ќе можат да го возат мотоциклот и да го користат за извршување на своите секојдневни задачи. Фотографии од еден полицаец кој научил да го пилотира возилото се појавија уште минатиот месец на интернет.

Од друга страна, главниот и одговорен уредник на списанието Aerospace Tim Robinson, го опиша возилото како “прилично ограничено” кога се работи за потенцијална полициска работа, но дека може да се користи за забава. Ограничувањето го гледа во слабата издржливост на батериите кои се неопходни за придвижување на возилото.

Ако имате 150.000 долари вишок на вашата сметка и не сте припадник на полицијата, може да си го набавите летечкиот мотоцикл за себе, со оглед на тоа дека можат да го купуваат и цивилни лица.

Слични написи

Единаесетгодишник со изум за проблемот на заборавените деца во врелите автомобили

admin

Microsoft се предомисли за повлекувањето на алатката Paint од Windows 10

Biba

„Вистински приказни“ е новата кампања на Huawei, со која светот станува подобро место за живеење

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.