Автомобилизам

Тојота на Саемот за автомобили во Париз

Тојота на претстојниот Саем за автомобили во Париз ќе ја прослави 20 годишнината од раѓањето на Јарис, со посебна едиција наречена Y20.

Најавен е саемски штанд со три посебни простора. Еден наречен “Start Your Impossible”, кој е посветен на новите решенија на мобилност и идни технологии. Другиот простор е посветен на тојотината посветеност на авто трките со “Toyota GAZOO Racing”. Третиот простор е посветен на новите модели на Тојота, со јасен фокус на најновите самополнечки хибриди.

Ексклузивно ќе се прикажат два клучни производни елементи: хибридна технологија и тојотината нова глобална архитектура (Toyota new global architecture).

Во Париз ќе бидат прикажани само хибридни верзии од моделите Јарис, Рав 4, Камри и Корола.

На штандот ќе биде премиерно прикажана и “Corola Touring Sports”.

После 14 години пауза на европскиот пазар се враќа и моделот Камри, кој како и другите нови модели ќе биде поддржан од TNGA-K технологијата на хибридни самополнечки решенија во склоп со мотор од 2.5 литри.

На истиот тој саем во Париз, но пред 20 години, премиерно беше прикажан моделот Јарис. За прослава на јубилејот Тојота подготви нова едиција наречена “Y20”, кој се одликува со златно-жолта боја како и моделот пред 20 години.

Друга посебна едиција на Јарис е изведбата GR Sport, кој слави успешна сезона на релито “Toyota GAZOO Racing”.

Слични написи

Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad

Biba

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Се продава исклучително редок примерок на Koenigsegg One:1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.