Вести

“Една” на Вук Митевски на престижниот 59-ти интернационален Краков филмски фестивал

 

Продукциската куќа “Сестри и брат Митевски” информира дека “Една”, најновата краткометражна анимација на Вук Митевски, својата премиера ќе ја има на престижниот 59-ти интернационален Краков филмски фестивал (www.krakowfilmfestival.pl).

“Една” ќе биде прикажана во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата Сребрен змеј за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет. “Една” во Краков ќе се прикажува на 28 и 30 мај.

Краков интернационалниот филмски фестивал се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови и вброен е помеѓу ретките фестивали кои водат до директна номинација за наградата Оскар во категоријата на кратка анимација.

“Една” е 11-минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина, “Една” е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни речиси три години за да ја изработи оваа магична анимација.

“Една”е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е поддржана од македонската Агенција за филм. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а постпродукцијата во Германија, каде што беше работен звукот, Франција каде се изработуваше музиката, и Белгија каде се работеше лабораторијата и миксот. Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звукот на Емил Клотц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски.

По претходниот голем успех со повеќекратно наградуваната анимација “Алерик”, ова е четврта анимација на Вук Митевски.

 

Слични написи

Скопската Зоолошка градина доби нови жители

Biba

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

Biba

Петто јубилејно издание на извонредното музичко доживување “Мала Италија патува”

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.