Вести

Во Скопје Зоо ќе се одржи забава за крајот на училишната година со ЏП и Стефонатор

 

„School’s out” забава во Зоо Скопје со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед

“За да го прославиме крајот на училишната година и да се радуваме на распустот кој следува, на 9 јуни во Скопје ЗОО за учениците подготвивме возбудлив настан”, известуваат од Зоолошката градина.
“Со почеток во 13:00, посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип-хоп, „DANCERS UNITED”, се вели понатаму во соопштението.

Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК” на 18 мај во Римини, Италија, освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип-хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е петти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015 година.

За сите посетители е предвидено да има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје Зоо. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.

 

Слични написи

Црвена јабука, Црнила ремикс и летно кино на отворено на „Summerland” 2019

Biba

14 години по ред – Skopje Wine Expo

admin

Заживеа првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца во социјален ризик

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.