Вести

Скопската Зоолошка градина доби нови жители

 

Лавицата Акети од Зоолошката во Берлин е нов жител во скопската Зоолошка градина. 12-годишната лавица пристигна во Скопје пред шест дена и веќе се прилагодува на животот во Скопје Зоо. За неколку месеци друштво ќе ѝ прави и лавот кој треба да пристигне од Софија. Лавицата е добиена благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Од Скопје Зоо велат дека Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините зоо-негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња – Теди, Ким, Бланка и Вили. Одговорните во Зоолошката градина велат дека бебињата се многу љубопитни и весели, па постојано сакаат да си играат со своите зоо-негуватели.

Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот. Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или во реонот во Зоолошката познат како „Австралија”. Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка”.

 

Слични написи

Скопје Зоо има нов жител – белата лавица Бела

Biba

Скопската Зоолошка градина подготвува нова детска содржина – „Авантура парк“

admin

Нулта толеранција за возачите во Грција со новите законски измени

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.