Вести

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

 

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните. Отворен од понеделник до недела, секојдневно привлекува посетители од целиот град, а за викенди и од целата држава. Поради големата посетеност и позитивните реакции, паркот „Мега“ во Скопје ќе остане до крајот на јуни.

Влезот е бесплатен, а користењето на реквизитите и адреналинските возења чини од 50 до 200 денари. Паркот со адреналински атракции се наоѓа на „Илинденска“, веднаш до СЦ „Борис Трајковски“.

Најатрактивни возења за посетителите се „Enterprise”, „Star Tower”, „Vortex”, „Kamikaze”, „Pop Stars” и „Break Dance” – сите со високо ниво на адреналин. Сите реквизити се лиценцирани, со што од паркот ја гарантираат безбедноста на посетителите.

 

Слични написи

Користејќи ја апликацијата HalkEco на ХалкБанк, граѓаните само за еден ден обезбедија засадување на 22 дрвa

Biba

Денес започна задолжителното носење на лична заштитна опрема за носот и устата

admin

Златно славејче, ЏП и Стефонатор, RHCP Real tribute и 2 Бона на Summerland

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.