Убавина

Што треба да јадете за да имате здрава и сјајна коса

 

Без оглед на тоа дали е кратка или долга, здравата, цврста и сјајна коса е сон на секоја жена. Не е доволно само да ја негуваме со скапи производи и редовно да ја потстрижуваме, многу е важно и каква храна внесуваме во телото, бидејќи здравата и сјајна коса е резултат и на здравата исхрана. Секое влакно е создадено од ќелии кои содржат протеин наречен кератин. Овие ќелии мора постојано да бидат потхранувани со витамини и минерали, за косата да остане здрава и силна.

Која е најдобрата храна за вашата коса?

1. Авокадо

Авокадото содржи витамин Е кој ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во растењето на косата. Исто така е и одличен извор на незаситени масни киселини кои го држат нивото на шеќер во крвта под контрола, ја подобруваат когнитивната функција и емоционалното здравје, а на косата влијаат така што ја стимулираат продукцијата на колаген и еластин, кои позитивно влијаат на нејзиното растење.

2. Зелен листест зеленчук

Зелениот зеленчук содржи многу железо чиј недостаток може да предизвика опаѓање на косата. Одлични извори на железо, витамин А, бета каротен, фолати и витамин Ц се спанаќот, ќељот, блитвата, брокулата, руколата. Со редовно консумирање на овој тип на зеленчук скалпот на главата ќе биде здрав а косата цврста и хидрирана.

3. Јајца

Бидејќи косата е направена од протеини, многу е важно да ги внесуваме во доволни количини во текот на денот. Еден од најбогатите извори на протеини е јајцето.

4. Јаткасто овошје

Семките од тиква и од сончоглед се богати со железо кое е од огромна важност за здравјето на косата. Бавното растење и паѓањето на косата се претежно предизвикани од ниско ниво на железо во крвта, а семките од тиква содржат уште и цинк, витамини А и К, и омега 3 масни киселини. Омега 3 и 9 масните киселини ја потхрануваат косата и ја подобруваат нејзината цврстина. Други одлични извори на есенцијални масни киселини се и оревите, бадемите и лененото семе.

5. Моркови

Витаминот А од морковите е неопходен за растењето на косата. Исто така има важна функција во создавањето на природен себум кој го одржува здрав коренот на косата и го поттикнува нејзиното растење.

 

Слични написи

Зошто треба да престанете да носите градник

dart

Kако да се заштитите на плажа за време на бременоста

Biba

Што значат натписите на шампоните?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.