Убавина

Што значат натписите на шампоните?

Кога ќе се најдете опкружени со безброј шишиња производи за коса или кога англискиот речник не помага или кога купувањето најобичен гел станува мачен процес, запомнете го овој текст. Ова се најчестите описи на пакувањето на странски шампони и производи за нега на косата. Еве како правилно да ги интерпретирате и да се вратите дома со производот што ви е потребен.

Clarifying Shampoo: ова е шампон со формула за длабинско чистење, кој ги отстранува остатоците од други производи за коса, како и сол, хлор и друга нечистотија. Не треба да се користи премногу често, доволно е еднаш неделно или поретко. На овој начин ќе се избегне оштетување и губење на влагата од косата.

Deep Conditioner: синоним за маска за коса. Овој производ ја храни вашата коса околу 15 минути, а потоа се исплакнува. Има многу видови наменети за различни потреби на косата – бојадисана, мрсна, оштетена итн. Најдобро е да се нанесе на влажна коса, а потоа да се покрие со загреан пешкир или капа за капење, што ќе овозможи препаратот подобро да продре во влакното.

Permanent Hair Color: овој производ дефинитивно не е за оние со слабо срце. Продира длабоко во косата, го осветлува вашиот природен пигмент и на тој начин создава нова нијанса на косата. Во овој случај – без жалење и солзи кога ќе излезете од фризер, таа боја ќе ја имате додека не ви порасне новата коса. Ова е наменето за целосни промени, од русокоса во бринета, од кафена во црвена…

Semipermanent Hair Color: Наменета за „девици“ што се однесува до боењето на косата. Оваа популарна формула без амонијак се мие во 6 до 12 перења. Наместо да ја менува основата на косата, таа едноставно ја покрива вашата природна боја и ви овозможува да експериментирате со различни нијанси без ризик од грижа на совеста.

Styling Gel: користете го кога ја сушите косата или правите кадрици. Или размачкајте го на дланките и нанесете го преку локните за да спречите разлетување. Има водена основа, така што нема да изгледа мрсно.

Styling Lotion: Ова е поблага верзија од горенаведеното, наменето за чувствителна коса. Иако ќе ви ја држи косата малку полабаво, нема да завршите со млитави, залепени кадрици кои висат. Може да се купи и во форма на спреј и како течност.

Styling Cream: Доколку имате природни локни или сува коса, оваа богата крема за стилизирање е вистинското решение за вас. Истовремено има функција на хидратантен крем, „скротувач“ на локни, а се користи и за дефинирање или исправување на локните.

Слични написи

Што треба да јадете за да имате здрава и сјајна коса

Biba

Погледнете необични парчиња облека кои со дизајнот имитираат инсекти, птици и растенија

dart

Работи што треба да ги знаете за безбедно сончање

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.