Убавина

Kако да се заштитите на плажа за време на бременоста

 

Бременоста е веројатно најубавиот период од животот на секоја жена и нема причина да не биде така и за време на летните одмори.  Ако бременоста е уредна и вашиот доктор ви даде зелено светло, слободно испланирајте одмор и уживајте во долгите и топли летни денови.

Следете ги советите за безбедно уживање на плажа и нема да ве изненадат никакви непријатности додека се излежувате на лежалка или се разладувате во вода.

Пијте многу течности. Најдобро е да пиете вода, но и секоја друга течност што ќе ја внесете ќе ве рехидрира: овошен сок, чај, лимонада… Во бременоста сте подложни на дехидратација повеќе отколку кога било, особено за време на летните горештини. Секогаш имајте со себе шише со вода и не чекајте да ожедните за да се напиете.

Грицкајте здрави ужинки. Со себе на плажа, освен вода, понесете и здрави ужинки што ќе ве држат сити до оброкот. Не се изгладнувајте. Ако имате со вас и мало фрижидерче, ставете во него однапред исечкани и спакувани парчиња овошје, смуди од банана и портокал, туна салата, овошен сок, овошен јогурт или нешто освежувачко по ваш избор. Можете, исто така, да земете и грицки кои не мора да се чуваат ладни, како што се пуканки, домашни переци, суво овошје, јаткасто овошје и слично.

Користете крема со заштитен фактор. Без оглед на тоа дали седите под сенка или се капете, кремите и лосионите со заштитен фактор 50 се задолжителни! Почитувајте го упатството на кремата. Ако пишува дека треба да се нанесува на секои 20 минути, пред влегување во вода и после излегување од неа, тогаш така и правете. Не сакате за време на летниот одмор да изгорите, бидејќи освен што ќе трпите болка, може и дополнително да дехидрирате. Освен тоа, изгорениците на кожата ја креваат внатрешната температура на телото, што може да биде опасно за вашето бебе. Затоа, без оглед дали сте во сенка, под чадор или во вода, кремата за сончање е задолжителна!

Правете ладни паузи. Во бременоста не е препорачливо од утро до вечер да седите на плажа, затоа правете повеќе паузи во кои ќе бидете на свеж и ладен воздух, ќе се одморите од сонцето и пливањето и ќе се рехидрирате. Во најтоплиот период од денот најдобро е да останете во хотел или под некоја дебела сенка.

Никогаш не се капете сами. Ова е добар совет без оглед дали сте бремени или не, но особено е важен во бременоста. Останете поблиску до брегот, имајте секогаш до вас позната личност, и во случај да добиете грч веднаш известете ги другите и излезете од вода. Исто така, планирајте го одморот на места и во периоди кога сте сигурни дека во водата нема да има медузи кои можат да ве повредат.

Останува само да ја спакувате торбата за плажа, лесно да се облечете, да ставите очила за сонце и шешир со широк обод, и да си поминете убав летен одмор.

 

Слични написи

И вишокот килограми е секси

admin

Неколку трикови за шминкање со кои очите ќе изгледаат визуелно поголеми

Biba

Лимонот како природна козметика

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.