Гастрономија

Чипс од јаболка

 

Потребни состојки:

2 јаболка по ваш избор

сок од лимон

цимет во прав

Начин на подготовка:

  1. Јаболката измијте ги убаво, исушете ги и издлабете ја средината од семките.
  2. Пресечете ги јаболката на кругови со дебелина 1-2 мм. Намачкајте ги со сок од лимон и наросете ги со цимет.
  3. Круговите јаболка наредете ги во тава на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 140-160 степени Целзиусови. По вкус, пред печењето можете да ги наросите и со шеќер.
  4. Откако ќе се испечат (да добијат златножолта боја и да се исушат) оставете ги целосно да се оладат и чувајте ги во тегла убаво затворени до една недела.

На здравје!

 

Слични написи

Домашни тортиљи

Biba

Пилешко во сос од мед

Biba

Нугатино торта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.