Потребни состојки:
25 г путер
3 ленти сланина
1 кромид исечкан ситно
400 г праз, добро измиен и исечкан ситно
3 средни компири, излупени и исечкани на ситни парчиња
1400 мл бујон од зеленчук
140 мл павлака
4 ленти сланина за сервирање, насечкани и испржени
Начин на подготовка:
- Во тенџере стопете го путерот и во него испржете ги сланината и кромидот со постојано мешање, да добијат златножолта боја.
- Додајте ги празот и компирот, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето со капак следните 5 минути. Протресувајте го тенџерето од време на време за да не загори содржината.
- Додајте го бујонот, зачинете по вкус, измешајте убаво и кога супата ќе зоврие варете 15-20 минути додека зеленчукот да омекне.
- Откако ќе се свари, оставете ја супата неколку минути да се олади, а потоа изблендајте ја во блендер (на неколку пати ако не ја собира целата одеднаш), да добиете мазна и еднолична конзистенција.
- Вратете ја супата во тенџерето, додајте ја павлаката и убаво измешајте да се изедначи смесата. Ако има потреба, додајте зачини по вкус.
- Супата декорирајте ја со ситни парчиња пржена сланина и сервирајте ја додека е топла со тостиран или печен леб.
На здравје!