Гастрономија

Печени јаболка со цимет и ореви

 

Потребни состојки:

4 поголеми јаболки

4 лажици омекнат (не стопен) несолен путер

1/2 чаша кафеав шеќер

3/4 лажичка цимет

3-4 лажици сечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Јаболките убаво измијте ги и издлабете ја средината со семките речиси до дното.
  2. Путерот, шеќерот, циметот и оревите измешајте ги во еден сад. Со лажичка наполнете ги издлабените јаболки и притиснете го филот да се збие.
  3. Во тава за печење налејте вода да се покрие дното и наредете ги јаболките со филот нагоре. Печете ги јаболките во рерна претходно загреана на 200 степени Целзиусови околу еден час или додека да омекнат јаболките и послужете ги додека се уште топли.

На здравје!

 

Слични написи

Пилешко “Алфредо” во рерна

Biba

Торта со шери, суво грозје и бадеми

Biba

Свежа овошна тирамису торта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.