Гастрономија

Раванија

 

Состојки за пандишпанот:

6 јајца

6 лажици шеќер

6 лажици гриз

6 лажици брашно

1 прашок за печиво

Состојки за преливот:

4 чаши вода

3 чаши шеќер

Начин на подготовка:

Пандишпан:

  1. Јајцата се матат со шеќерот додека смесата убаво да се згусне.
  2. Потоа се додаваат гризот, брашното и прашокот за печиво. Се меша убаво да се соединат сите состојки и тестото се става во тавче кое сте го намастиле и прекриле со многу тенок слој брашно.
  3. Се пече во рерна загреана на 300 степени Целзиусови додека тестото да се накрене, а потоа температурата се намалува на 170 степени. Се пече уште 10-15 минути (може со дрвена чепкалка да проверите кога е готово).

Прелив:

  1. Од водата и шеќерот во тенџере направете шербет.
  2. Оставете го неколку минути да врие и потоа многу полека налејте го целосно изладениот пандишпан со врелиот шербет (ако ви е полесно налевајте со црпалка). Пред да го налеете шербетот, може да го исечете пандишпанот на коцки за побрзо да го впие.

На здравје!

 

Слични написи

Детокс супа

Biba

Грав со чадени колбаси

Biba

Еклер торта што не се пече

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.